Search

Дац даде оставка, Министерството ја прифати

Дац даде оставка, Министерството ја прифати

Министерството за култура ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н.У. Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац, напиша на Твитер пред половина час министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Вчера во Кисела Вода сега веќе бившиот директор со своето БМВ удри во 27-годишна девојка, која по краткиот престој во болница беше пуштена на домашно лекување.

Денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, рече дека секој мора да ја понесе одговорноста според законот за она што го сторил независно од неговата функција. „Лице што го довело во опасност животот на друго лице и сторило ваков прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција“, го пренесе Бошњаковски ставот на Владата, по што следуваше оставката на Дац и нејзиното прифаќање од страна на Министерството.

alagozov.twiter.png

Треба да знаете
Последни објави