Skip to main content
Македонија

Да се дислоцираат пловните објекти од јавните површини долж крајбрежјето на Охридското Езеро

12/05/2025  12:46

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани.

Според локалните власти, доколку сопствениците самите не ги отстранат пловните објекти поставени на јавните површини, предвидени за рекреација на туристите, тоа ќе го сторат општинските јавни претпријатија, а трошоците за тоа ќе паднат на товар на сопствениците.

Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите, објаснуваат од локалната самоуправа.