
„Доктор Андон Чибишев, поранешен директор на Клиниката за токсикологија, упати сериозен апел до граѓаните во врска со големиот пожар во фабриката за рециклирање електронски отпад. Тој предупреди дека при горење на ваков отпад се ослободуваат екстремно токсични гасови, меѓу кои јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, флуороводород, како и пареи од тешки метали како олово, жива, кадмиум и арсен.
– Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад. Овие отровни гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени и хронично болните лица со срцеви, белодробни или малигни заболувања, истакна Чибишев.
Тој апелира граѓаните да ги држат затворени прозорците, да не излегуваат надвор без посебна потреба и, доколку располагаат со прочистувачи на воздух, да ги пуштат да работат со најголем капацитет.“