Skip to main content
Македонија

Д-р Агаи: Нов живот може да почне ако и дадеме шанса на трансплантацијата на органи

02/06/2026  16:00

Од Министерството за здравство попладнево информираа дека во рамките на националната кампања, што се реализира подсо мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Љуљзим Агаи, директор на Клиниката за неврохирургија, преку видеообраќање изразува поддршка за оваа племенита акција.

– Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите пациенти и многупати успеваме во тоа, но понекогаш болеста е посилна од нас, посилна од нашите можности. Со тоа што завршува еден живот, може да почне друг доколку му дадеме шанса на проектот за трансплантација на органи – смета д-р Агаи.

Директорот на Неврохирургија апелира дека овој хуман чин на трансплантација на органи може да спаси нов живот доколку имаме доволно информации и доколку имаме големо срце некому да му помогнеме.