Skip to main content
Македонија

ЦУК: Активни пожари во Скопје и околината, изгаснат еден во Гевгелија

05/09/2025  16:01

Се уште е активен пожарот во депонијата Вардариште во општина Гази Баба, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму информираат дека на територија на цела држава до 12 часот имало уште неколку активни пожари: во село Шутово, општина Кичево и во село Горенци, Општина Центар-Жупа. Два активни пожари има во општина Бутел, во Визбегово, пат за Горно Оризари и на улица „5“ во Визбегово.

Изгаснат е пожарот на територија на општина Гевгелија, на планина Кожуф (приземен пожар)