
Во среда со почеток во 12 часот, на ул. Македонија во Скопје, ќе се одржи настанот „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста”.
Настанот ќе ја претвори улицата во жива сцена на отворено со учество на улични живи статуи од продукцијата Театроск, ликовни уметници (студенти од Универзитетот АУЕ – ФОН) кои ќе создаваат дела во живо, улични шоуа, DJ и музички настапи. Главната цел е да се создаде простор за млади уметници со цел да ја презентираат својата уметност пред јавноста, да се поттикне нивниот развој и да се активира јавниот простор преку култура.

Овој настан веќе четири години успешно создава платформа за видливост, активирање на јавниот простор и директен контакт меѓу уметниците и публиката.
Настанот е организиран од страна на Здружение на граѓани „Театроск” од Скопје, целосно е поддржан од Општина Центар и е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година. Соработник е Универзитетот АУЕ – ФОН.
