
Во последните 48 часа регистриран е сериозен скок на цените на суровата нафта.
Барел нафта БРЕНТ утрово на берзите се продава по цена од 124,84 долари, што е највисоко ниво од 2022 година наваму.
ВТИ суровата нафта, утрово е со цена од над 109 долари за барел.
Скокот се случи во време кога пазарите го анализираат шокантното повлекување на Обединетите Арапски Емирати од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус), поради знаци дека конфликтот меѓу САД и Иран би можел да продолжи.


