Skip to main content
Скопје

Целосно се реконструира мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје

31/07/2026  14:56

Мостот „Естакада” се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел на Скопје. Тука секојдневно минуваат работници, ученици, семејства, компании и товарен транспорт.

Санацијата на мостот опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, со гребење на постојниот асфалт и вградување два нови асфалтни слоја.

И самиот мост ќе биде обновен со нов асфалтен слој.

Дополнително, се врши замена на рабниците и капаците на шахтите, се изработуваат нови асфалтни тротоари, а заштитната пешачка ограда ќе се чисти, санира и бојадисува.

Вкупната должина на коловозот што се реконструира изнесува 1,5 километри.

„Со реализацијата на овој проект вложуваме во безбедноста, подобрата поврзаност и поквалитетното секојдневие на илјадници наши сограѓани. Скопје заслужува модерна, безбедна и функционална инфраструктура. Затоа, ќе продолжиме со санација и реконструкција на сите мостови во градот, онаму каде што е потребно”, рече градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.