
На 18 мај 2025 година, на планината Водно во Скопје, ќе се одржи 13-то издание на најмасовниот спортско-рекреативен настан во земјата – Sparkasse Life Прв до врв.
Настанот ги обединува љубителите на планината, спортот и рекреацијата во пет натпреварувачки категории до врвот на Водно: Планинско трчање (4,5 км), Планински велосипедизам (9 км), Друмски велосипедизам (11,4 км), Електрични велосипеди – E-Bike (9 км) и Тим-билдинг трка за компании – Summit Run (4,5 км).
Трките во велосипедизам ќе започнат во 9:45 часот од Музејот на град Скопје со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека планинското трчање и тим-билдинг трката ќе стартуваат директно пред училиштето во 10:00 часот. Патеките вклучуваат контролни точки кај полицијата, Средно Водно и пред целната линија на врвот.
Секој што ќе ја заврши трката добива финишер медал. Предвидени се и медали во сите старосни групи и во машка и женска конкуренција, под услов да има најмалку три учесници по категорија.
Настанот привлекува сè повеќе учесници од странство – годинава веќе се пријавени учесници од Португалија, Италија, Бугарија и САД, што му дава дополнителна енергија и интернационален дух на предизвикот.
Минатата година, беа урнати два рекорда – во друмски велосипедизам за жени (42:36) и во планинско трчање за мажи (31:50), кои се нови најдобри времиња во искачувањето до врвот на Водно. За сите што ќе урнат рекорд и оваа година, Шпаркасе Банка повторно обезбедува награден фонд од 1.000 евра! Дополнително, како главен поддржувач, тие ќе постават „лаунџ корнер“ со изненадувања, награди за посетителите и активности што го збогатуваат искуството за сите учесници.
На целта која е на врвот на Водно ќе биде организиран пикник, а присутните ќе ги забавуваат диџеј Вито и бендот Ringtones. По забавната програма ќе се одржи церемонија за прогласување на победниците.
Поради големиот интерес, рокот за пријавување е продолжен до 11 мај 2025 г., но пријава со сувенир маичка е возможно само со пријава до 7 мај.
Сите на Водно! Пријавете се веднаш: www.prvdovrv.mk/prvdovrv