
ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракана Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.