Skip to main content
Балкан

Членството во ЕУ за Турција веќе не е приоритет рече Ердоган

16/08/2026  08:35

Реџеп Таип Ердоган изјави дека членството во Европската Унија (ЕУ) повеќе не е приоритет за Турција, објави Ал Џезира.

Во ексклузивно интервју за Ал Џезира, кое ќе се емитува денеска, Реџеп Таип Ердоган изјави дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради тоа.

Претседателот на Турција во интервју за емисијата „Ал Мукабала“ изјави дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со враќањето на Турција во програмата за воени авиони Ф-35 и дека чека да биде исполнето.

Турција беше исклучена од мултинационалната програма Ф-35 во 2019 година откако го купи рускиот систем за воздушна одбрана С-400, за кој Вашингтон тврдеше дека може да ги загрози „стелт“ авионите.

Стоејќи до Ердоган за време на самитот на НАТО во Анкара минатиот месец, Трамп рече дека неговата администрација ќе ги укине санкциите воведени врз Турција во декември 2020 година поради купувањето на С-400 и рече дека враќањето во програмата Ф-35 е нешто што САД ќе го разгледаат.