Skip to main content
Хроника

Четворица возачи уапсени за безобѕирно возење – двајца без дозвола, двајца пијани зад волан

04/07/2026  14:34

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода четворица возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека двајца од приведените, по еден во скопскиот и тетовскиот регион, управувале возила без возачка дозвола. Останатите двајца, по еден во Скопје и Гостивар, биле затекнати како возат под дејство на алкохол.

По целосното документирање на случаите, против сите четворица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или кога се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за поголема безбедност на патиштата.