Како што информира МВР, денеска во 5:50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод патничко возило „фиат пунто“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Л. (28) од Кичево, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката М.С. (19), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник З.Р. (30), двајцата од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Вчера, пак, околу 21:30 часот во полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар после раскрсницата за село Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н. (38) од село Свиништа и патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.А. (35) од село Зајас.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Н. и неговата сопатничка Д.Р.Т. (65), констатирани во Медицинскиот центар Кичево, додека вториот сопатник во возилото, С.Т. (65) од Охрид, се здобил со телесни повреди. Кај Е.А., која го управувала возилото „пасат“, во болницата во Кичево биле констатирани телесни повреди.
За двете сообраќајни несреќи увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.