Skip to main content
Свет

Четворица Норвежани и една Швајцарка загинаа во лавина на француските Алпи

30/01/2025  09:11

Петмина скијачи, четворица Норвежани и една Швајцарка, загинаа во лавини на француските Алпи, соопшти француското обвинителство.

Лавина кај Шамони усмрти Швајцарка, а четворица Норвежани загинаа во лавина на границата со Италија, додека тројца норвешки скијачи не се повредени, објави Гардијан.

Тие скијале надвор од предвидените скијачки патеки кога ги удрила лавина, соопшти полицијата.

Групата од седум скијачи биле излезени од патеката кога удрила огромна лавина и однела четворица од нив. Три тела биле извлечени на местото на настанот, додека една жена, која со хеликоптер била пренесена во болница во Гренобл, подоцна била прогласена за мртва.

Во вторникот, 55-годишен британски скијач исто така беше фатен во лавина во регионот на Мон Блан и загина.