Skip to main content
Свет

Четири земјотреси за еден час го стресоа Исланд

24/05/2025  18:24

Четири слаби и мали земјотреси во рок од еден час денеска попладне се регистрирани на Исланд.

Исландскиот Завод за геофизика соопшти дека епицентарот на првиот земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала бил на 79 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик на длабочина од 12 километри.

Неколку минути по првиот земјотрес, во 13 часот и 16 минути по локално време регистриран е уште еден со интензитет од 2,8 степени според Рихтер на длабочина од 11 километри.

Во истиот регион во 14:05 и во 14:07 регистрирани сè уште два земјотреса со интензитет од 3,7 и од 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.