
Четири лица загинаа, а 29 се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот град Новоросијск , потврди гувернерот на Краснодарската област Венијамин Кондратиев. Меѓу загинатите е и едно дете. Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и жито, објави Ројтерс .
Градоначалникот на Новоросијск, Андреј Кравченко, изјави дека остатоците од дронот паднале врз просториите на неколку компании и во близина на станбена зграда, а регионалните власти објавија дека избувнале пожари по нападот.
Во Анапа, друг град во истиот регион, остатоците од беспилотни летала оштетија три приватни куќи и една градинка. Гувернерот Кондратјев потврди дека нема повредени во Анапа.


