
Четири лица загинаа, а нивните тела се пронајдени по лавината на планината Брод Пик, во северен Пакистан, потврди министерот за туризам, Џилџит Балтистан.
Две тела се идентификувани, а преостанатите две се во постапка на идентификување, објави Би-би-си.
По лавината од вчера десет планинари се водеа за исчезнати, а сега по шест од нив сè уште се трага.
Експедицијата, врз која се спушти лавината, се состоеше од шест непалски алпинисти, еден Американец, еден Пакистанец, еден Оманец и еден Кинез.
На американската Мелори Грејс ова ѝ беше првиот обид да искачи планина повисока од 8.000 метри, а на пакистанскиот алпинист Сохаилу Сакиџу му беше последен, наведуваат туристичките агенции преку кои допатувале во земјата.
Меѓу исчезнатите е Нирмал Пурџа, познат како Нимс Даи, едно од најпознатите имиња на современото планинарење. Тој е најпознат по својот светски рекорд во 2019 година кога за шест месеци се искачи на 14 од највисоките врвови во светот.
Од првото искачување на Брод Пик во 1957 година многумина се обидоа да се искачат на овој 12-ти највисок врв во светот, а десетици ги загубија животите.

