
Новата чешка влада денес предводена од премиерот Андреј Бабиш денес положи клетва. Суверенистичкото движење АНО на милијардерот Бабиш победи на парламентарните избори во октомври во земјата членка на ЕУ и НАТО со околу 10,9 милиони жители.
Тој се здружи со евроскептичната крајно десничарска СПД и десничарските Возачи, чија главна агенда е спротивставување на климатските политики на ЕУ, за да формира кабинет од 108 члена во парламентот со 200 места.
71-годишниот Бабиш, рангиран од „Форбс“ како седми најбогат Чех, претходно беше премиер од 2017 до 2021 година, но неговата влада во тоа време беше поцентристичка и проевропска. Сега тој вети дека ќе се бори за чешките интереси насекаде во светот.
