
Депонијата Дрисла не престанува да чади, а денеска повторно главниот град е во магла, објави 4NEWS.mk
Облакот чад е видлив од далечина, а неговото присуство покренува прашања за безбедноста на животната средина и здравјето на локалното население.
Пожарите на депониите претставуваат сериозен еколошки проблем бидејќи согорувањето на отпадот ослободува токсични гасови и честички кои се штетни за воздухот и почвата, објави 4NEWS.mk
Јавноста со нетрпение очекува одговор од надлежните органи со цел да се добие целосна слика за инцидентот и да се обезбеди транспарентност.
Како изгледаше градот утринава погледнете со клик ТУКА.
И директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово ги потврди овие информации и истакна дека со засилено темпо продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата „Дрисла“ од кој излегува чадење, површина голема приближно колку едно фудбалско игралиште.
„Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но сè уште присутно,“ изјави Ангелов од лице место.