Skip to main content
Хроника

Бугарски државјанин сакал да влезе во Македонија со електрошокови и солзавци

05/06/2025  20:41

На 04.06.2025 во 10.50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(37) од Република Бугарија затоа што при гранична контрола и проверка во патничко возило „нисан“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се електрошок и солзавец.

Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка, информира МВР.