Skip to main content
Свет

Бројот на жртви во уривањето на кров во ноќен клуб во Доминиканската Република се зголеми на 231

14/04/2025  20:34

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во Санто Доминго се искачи на 231, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Доминиканската Република Фариде Рафул.

Трагедијата се случи пред една недела во преполниот ноќен клуб „Џет сет“, за време на концерт на пејачот Руби Перез, кој е меѓу загинатите.

Рафул појасни дека на лице место биле регистрирани 221 жртва, а уште 10 починале подоцна во болниците.

Повеќе од 4.500 работници за итни случаи беа распоредени на местото на настанот, работејќи речиси 59 часа по трагедијата за да бараат преживеани, да ги извлечат телата и да им помогнат на семејствата.

Од урнатините беа спасени 189 лица.

Оперативниот центар за вонредни состојби (ЦОЕ) соопшти дека клубот бил преполн, иако точниот број на присутни не е познат, а причината за уривањето сè уште е под истрага