Skip to main content
Магазин

Британските власти работат на побрзи одобренија за лабораториски произведена храна

10/03/2025  10:20

Месото, млечните производи и шеќерот произведени во лабораторија би можеле да бидат пуштени во продажба во Велика Британија за човекова исхрана за две години – порано од очекуваното.

Агенцијата за стандарди за храна (ФСА) разгледува како може да го забрза процесот на одобрување за храна одгледана во лабораторија. Таквите производи се одгледуваат од клетки во растенија. Храната за кучиња од месо направено во фабрички садови и машини првпат почна да се продава во Велика Британија минатиот месец, јави „Би-би-си“.

Фирмите од Великја Британија велат: Ги следат научните прописи, но сметаат дека се запрени од сегашните регулативи.

Во 2020 година, Сингапур стана првата земја што одобри продажба на клеточно-култивирано месо за човечка исхрана. Потоа, следеа САД – три години подоцна и Израел минатата година.

Сепак, Италија и американските сојузни држави Алабама и Флорида воведоа забрани.

Иницијативата на британските власти е одговор на загриженоста на фирмите од Островот дека го губат теренот поради конкуренцијата во странство, каде што процесите на одобрување одат двојно побрзо.