
Вчера се заокружи третото коло во уште три групи на Светското првенство во фудбал.
Јапонија остана непоразени против Шведска и го осигура второто место во групата.
Таа позиција и донесе пласман во 1/16 финалето а таму противник ќе и биде Бразил.
Мечот ќе се игра в понеделник од 19:00 часот.
Неколку часа подоцна ќе се сретнат Холандија и Мароко.
Веќе и официјално, репрезентацијата на БиХ ќе игра против САД а натпреварот ќе се игра на втори јули во 03:00 часот по европско време.
Нокаут фазата почнува во недела со мечот Јужна Африка и Канада.


