Skip to main content
Забава

Бомбакис: Има работи кои не смеам да ги кажам јавно – последиците кон мене и моето семејство се големи

27/08/2025  14:13

Познатиот инфлуенсер Бомбакис, кој преку пораки испишани на картон ги пренесува најреалните ставови за општеството во кое сите ние живееме, по се изгледа се повлекува од јавниот живот.

Тој денес на социјалните мрежи се појави со картон на кој беше испишано “Чао за крај”, и притоа на своите следбеници им порача дека има работи кои веќе одредено време сака да ги каже но не може, не дека не сака, туку како што вели затоа што последиците спрема него и неговото семејство се големи.

Вели иако многумина мислат дека тој само се смее и прави пари, сепак реалноста е друга бидејќи позадината и притисокот не ја гледа публиката.

Тој им се заблагодари на сите и им порача дека на крајот од денот сепак треба да се остане човек!