
Ноќеска кај Бит-пазар изгоре автомобил, соопшти полицијата.
Денеска (15.2.2025) во 4.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Х.(30) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема, соопшти полицијата.