Skip to main content
Свет

Биткоинот продолжува да тоне

23/02/2026  11:06

Вредноста на биткоинот денес падна за дури пет проценти, паѓајќи под границата од 65.000 долари. Овој остар пад доаѓа веднаш по објавувањето на плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување глобални царини од 15 проценти.

Експертите веруваат дека комбинацијата од економски и геополитички фактори ги принудува инвеститорите да бидат повнимателни.

,,Веруваме дека наглото зголемување на царинските стапки ги охрабрува инвеститорите да продаваат крипто средства во очекување на посериозен пад на пазарот“, рече Џеф Меи, главен оперативен директор на глобалната блокчејн компанија BTSE.