Skip to main content
Македонија

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат

15/01/2026  20:03

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во дебатната емисија „Топ тема“ на Телма истакна дека состојбите денес и во 2016 година, за време на валдеењето на Груевски не се разликуваат.

Тој посочи дека во изминатите 18 месеци државата помина изборни процеси кои не придонесоа градење доверба во институциите, особено поради, инженерингот што беше забележан на локалните избори. 

-Имаме сериозни злоупотреби во секторите како социјалата, земјоделието и внатрешните работи, како и еден од најголемите корупциски скандали во поновата историја на државата, поврзана со Платежната агенција (и ИПАРД). Во сектор во кој е фатен главниот човек за корупција, се предлага укинување на механизмите за контрола пред избори. Затоа сметам дека има доволно аргументи за нашите ставови за техничката влада, истакна Битиќи.

Центар за комуникации СДСМ