
Едно лице било повредено вечерва во сообраќајка кај кавадаречкото село Раец, потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош – Кавадарци.
– Лицето било приклештено во камион и извадено од пожарникари. По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов.
Биљана Ѓаковска, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Велес, исто така, потврди за МИА дека имало сообраќајка на магистралниот пат Градско – Прилеп кај Раец, меѓу две товарни возила. Таа истакна дека во тек бил увидот на лице место и засега не може да каже повеќе детали.