Skip to main content
Балкан

БиХ утрово ја погоди земјотрес, потресот почувствуван во поширокиот регион

30/06/2026  09:37

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 6:18 часот е регистриран во Босна и Херцеговина, во близина на градот Зеница.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на потресот бил лоциран на околу 11 километри од Зеница, на длабочина од седум километри.

Станува збор за плиток земјотрес, кој и покрај релативно умерената магнитуда може да биде почувствуван на пошироко подрачје.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.