Skip to main content
Балкан

БиХ го легализира канабисот за медицински цели

29/12/2025  17:17

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска донесе одлука со која се овозможува легализација на канабисот за медицински цели, информираше пратеникот на СДП во Парламентот на БиХ, Саша Магазиновиќ.

„Направен е најважниот чекор, но работата сè уште не е завршена. Сега следи борба околу деталите, бидејќи тие се клучни. Сепак, од денеска процесот ќе биде многу полесен“, напиша Магазиновиќ.

Тој упати благодарност до студентот на Академијата за драмски уметности во Сараево, Ирфан Рибиќ, кој јавно посочи дека со масло од канабис се излекувал од мултипла склероза, како и до министерката за цивилни работи Дубравка Бошњак, која, како што наведе, успеала да ги надмине институционалните блокади и да ја достави предлог-одлуката на усвојување.

Со оваа одлука се отвора можност за законско и контролирано користење на канабис за медицински цели, што би им овозможило на пациентите во БиХ пристап до терапија која досега најчесто се обезбедуваше преку црниот пазар или во странство.