
Во езерцето во Градскиот парк во Струмица, синоќа било пријавено дека е пронајдено тело на почината жена.

По пријавата, на местото на настанот излегле јавен обвинител и полициски службеници, а телото на починатата било предадено на обдукција во Судска медицина, објави МИА.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека повеќе информации ќе соопштат во текот на денот.

