Skip to main content
Македонија

„Безбеден град“ детектирал 120.000 прекршоци за пет месеци

27/06/2026  11:45

120.000 сообраќајни прекршоци регистрирал системот „Безбеден град“ во првите пет месеци од воспоставувањето, рече денеска Панче Тошковски на отчетот за неговото двегодишно раководење со Министерството за внатрешни работи.

„Од 1 февруари, кога стартуваше примената на ‘Безбеден град‘, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку камерите се регистрирани 120.000 прекршоци, од кои 95 проценти се за пречекорување на дозволената брзина“, рече Тошковски.

Камери од овој проект има во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10.

Тошковски најави дека до крајот на годинава проектот ќе биде целосно имплементиран низ целата држава, опфаќајќи ги поголемите градови и патни правци.