Skip to main content
Скопје

Без вода дел од Чаир и Топанско Поле поради изведба на водоводен приклучок

10/11/2026  08:29

Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата „Џон Кенеди“, додека со намален притисок во водоснабдувањето ќе остане населбата Топанско Поле.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е поради изведување на водоводен приклучок Ф-250 на Ф-125 милиметри на улицата „Ферид Заири“ бр. 12.

Од претпријатието додаваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.