Skip to main content
Скопје

Без струја делови од Карпош и Гази Баба

23/04/2026  08:22

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат:

– од 4.30 до 15.30 часот корисниците од фирмите „Стил железо“, „Електроводомонд“, „Европа 92“, како и корисниците од улиците „1506“, „1550“ и „Дани Калош“ во Индустриската зона Момин Поток во општина Карпош, 

– од 8.30 до 14 часот корисниците од ул. „Роман Каскалиевиќ“ во населбата Сингелиќ во општина Гази Баба,

– од 9 до 12 часот и корисниците од улиците „Нерешка“, „Теодосиј Синаитски“ и „Жданец“ во општина Карпош.