
Без струја денеска од 9:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците во околината на објектот „Еквилибриум“ на улица „Руди Чајевац“ во Општина Аеродром.

Во периодот од 9:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Ванчо Мицков“, а од 10:30 до 14:00 часот дел од корисниците од улицата „Кнез Трпимир“ и населбата Трнодол, сите во Општина Карпош.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.