
Општина Битола, во соработка со јавното претпријатие „Пелалинк“, и оваа зима ќе обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина, како за учениците, така и за сите граѓани. „На 8 и 9 јануари (четврток и петок) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината“, соопшти Општината.
Линијата број 1 за Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, додека линијата број 2 за хотелот „Молика“ почнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар. Враќањето на двете линии е предвидено за 13:00 часот.

