![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/whatsapp-image-2025-02-09-at-21.35.28_1bda8627-1024x597.jpg)
Ако народот е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата, порача во поткаст ЗРАК со д-р Марина, магистер Гордана Бешлиоска, претседател на Здружението на медицински сестри, техничарки и акушерки, ЗМСТАМ.
Според неа медицинските сестри се столбот на здравството и потребни се чекори за натамошно унапредување на условите за нивната работа.
Бешлиоска, меѓу другото ја издвои потребата од повеќе едукација, но и од воведување на бенифициран стаж за оваа професија
„Секоја инвестиција во нас, во здравствените работници е инвестиција во здрава нација. Треба да ни се овозможат едукации, ние сакаме да учиме и да се образуваме но треба да ни се даде можност. Оваа професија е професија што се работи 24/7 и ние заслужуваме да бидеме во номенклатурата за бенифициран стаж“ порача таа.