Skip to main content
Хроника

Беровчанец со трактор се превртел и паднал во река

12/05/2025  13:20

На 11.05.2025 во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот на шумски пат, кај место викано „Скокото“ кај Равна река, пехчевско, И.Д.(58) од Берово, управувајќи трактор „ИМТ 533“ со приколка, се превртел и со тракторот паднал во река.

Тој бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.