
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, изјави дека градот годинава нема да организира ниту Нова Година, ниту Стара Нова Година, од безбедносни причини.
Шапиќ рече дека не сака да ја ризикува безбедноста на кое било дете, бидејќи, според него, поголемиот дел од луѓето што присуствувале на организираните приеми во претходните години биле малолетници, претежно девојчиња.
„Што се случи минатата Нова Година , не сакам повеќе да ризикувам и да ставам во опасност некое дете (…) Имавме таков пречек минатата година на Плоштадот, каде што група луѓе што минуваа се обидоа да навлезат. Сега, дали сакаа да ги повредат? Не верувам дека сакаа да ги повредат. Но, што и да сакаа, нема повторно да го преземеме тој ризик. Ако нашето обезбедување, заедно со дел од полицијата, ги држеше тие бариери, за да не се пробијат, тогаш ќе се спуштаа долу и ќе одеа на Студентскиот плоштад, бидејќи таму имаа собир“, рече тој.
Градоначалникот рече дека сè додека не се исполнат условите за организирање на „таков вид настан“ „на нормален начин“, тој не сака да ја доведува во прашање безбедноста на никого.
