
Белгиски војници засега нема да бидат испратени на Гренланд, соопшти денеска Министерството за одбрана на Белгија.
„Досега не сме добиле никакви барања за учество од НАТО, ЕУ или билатерално“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Белгија.
Доколку такво барање сепак биде упатено, Министерството за одбрана заедно со белгиската влада ќе разгледа „што може да направи“ во однос на евентуално учество.
