Skip to main content
Македонија

Бектеши се пренесува на распит во Кочани – осомничен за незаконска лиценца на дискотеката

17/03/2025  18:08

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, пред малку во полициско комбе излезе од полициската станица Карпош и се упати кон Кочани, каде ќе биде изведен пред судија на претходна постапка објави Канал5.

Бектеши од вчера беше на распит во полициската станица во Карпош, а во меѓувреме во Кочани се наоѓа и тим на обвинители кои вршат увид во причините и одговорноста за трагедијата.

Тој е осомничен дека за време на неговиот мандат како министер за економија, ѝ била издадена лиценца на дискотеката „Пулс“, иако објектот немал никакви услови за работа. Во пожарот во клубот загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 беа повредени.