Skip to main content
Хроника

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче

25/05/2026  14:45

На 24.05.2026 во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас, кичевско, на локален пат за „Нова населба” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено” со кичевски регистарски ознаки,  управувано од Ф.Џ. (32) од с.Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од с.Зајас.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.