Двајца пешачи беа прегазени вчера на патот во Крива Паланка.
„Автомобил „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.С.(51) од село Дурачка река, удрило во пешаците Р.С.(73) и А.Ј.(76), по што возачот со возилото го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки возачот бил пронајден и лишен од слобода“, објави полицијата.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Р.С.(73), додека А.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.
Извршен бил увид.