Skip to main content
Хроника

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

29/07/2026  21:00

На 28.07.2026 во 20:40 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на пат на место викано „Голем мост”, атар на с.Костур, кривопаланечко, патничко возило „лада нива” со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Г.А. од Крива Паланка, удрило во камен и се превртело на патот.

Во несреќата со повреди се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.