
Лик како Вики Ганиу би требало да добие грант од Фонд за иновации, кога веќе не добива кривична пријава за над 150 противзаконски и опасни дивоградби кои ги кеширал – стои во објавата на Фјесбук на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска
Ако ги погледнеме двете сателитски снимки од кои првата е од денес, а втората од 2023 година ќе забележиме дека Ганиу успеал и да најде начин како да патува низ времето.
Јавното обвинителство не гледа никаков проблем зграда ИЗГРАДЕНА СЕГА, да биде заведена како објект кој е изграден пред 2011 година, иако очигледно е дека според ОФИЦИЈАЛНАТА снимката на Катастар која е направена во 2023 дека на таа локација нема зграда.
Снимката е јавно достапна на Катастар и може секој да ја види и истото да го утврди па дури и Јавното обвинителство. ОЧЕКУВАМ НА КАТАСТАР СИСТЕМОТ ДА ПАДНЕ, А ДОКАЗИТЕ КОИ СЕ ВО ОПШТИНА ЧАИР ДА БИДАТ УНИШТЕНИ, за што имавме информации и јавно ги истакнавме со докази, но никој не оди во Чаир овие докази да ги обезбеди со што се дозволува да се уништат.
Сега апелирам, или Вики да добие Кривична пријава за фалсификување документи и овозможување на бесправна градба или да добие грант од Фонд за иновации за изум за патување низ времето – пишува на Фејсбук, градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.