Skip to main content
Спорт

Арсими – Шкупи и Тиквеш – Македонија ЃП го отвораат 8. коло во ПМФЛ

27/09/2025  11:09

Со два натпревари попладнево од 15 часот ќе стартува осмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Дебитантот во прволигашкото друштво Арсими во Гостивар е домаќин на Шкупи, додека Тиквеш во Кавадарци ја пречекува Македонија ЃП.

Дерби натпреварот се игра утре во Тетово каде Шкендија е домаќин на Силекс, а неделната програма го вклучува и дуелот меѓу Работнички – АП Брера.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в понеделник кога Башкими е домаќин на Вардар, а Струга го пречекува Пелистер.