
Метео анализа на Славчо Попоски:
До крајот на оваа седмица ќе имаме исклучително ладно време, со потпросечни температури за јануари месец, но снегот ќе биде во вид на локално и послабо провејување. Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, ќе има делови од Македонија каде температурите ќе се спуштаат под -10 степени, па дури и до околу -15 степени.
Преку ден температурите исто така ќе бидат многу ниски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу или само за некој степен над нулата, а во делови од Македонија ќе има температури кои и преку ден ќе бидат негативни, односно под нулата. На планините и на Скијачките центри температурите постојанао ќе бидат под нулата.

На Метеоролошката карта може да видиме дека поголем дел од Европа, како и и целиот Балкан, секако вклучувајќи ја и Македонија до крајот на оваа седмица ќе имаат многу ладно време, односно постојано ќе бидеме под влијание на многу ладен воздух кој се спушта од север, односно од Арктикот.