
Второстепениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот Јавен обвинител донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25 според која, пресудата против обвинетиот С.Ј. – поранешен градоначалник на општина Карпош, за кривичното дело – Бесправно градење од чл. 244 – а ст.1 од КЗ за кое дело му е утврдена казна затвор во траење од 1 година СЕ ПОТВРДУВА, а во изречената казна затвор му се засметува и времето минато во куќен притвор од 19.03.2019 год до 15.08.2019 година.
Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед да истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година.
Што се однесува до обвинетиот Т.Ѓ за кого со првостепената пресуда е утврдена Условна осуда, истата е укината од Апелациониот суд и предметот е вратен на повторно постапување.
Предметот во однос на укинатиот дел ќе биде распределен на понатамошно судење кај нов судија со оглед да судијата кој досега постапуваше не е во одделот за организиран криминал и корупција, а во однос на потврдената затворска казна ќе биде доставен на понатамошно постапување кај судија за извршување санкција.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.


