Skip to main content
Македонија

Апасиев: Дали тоа Давкова го слушна апелот на Левица и стави вето на двојазичните лиценци?

05/01/2025  17:35

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, на својот фејсбук профил напиша:

„Дали тоа Претседателката на Републиката конечно го слушна апелот на пратениците на Левица, па ставила ВЕТО на противуставните двојазични лиценци (што вмроидите ги шверцуваа во Собрание, за да им угодат на необалистите од Вреди)?

Ако е така, аферим и ашколсун!”