
Американскиот тенисер Лернер Тиен се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен во Мелбурн, откако денеска го совлада Русинот Данил Медведев (АТП-12) со 6:4, 6:0, 6:3.
Тиен (АТП-29) победи по еден час и 42 минути игра и прв пат во кариерата стигна до грен слем четвртфинале.
Во првиот гем од првиот сет, Тиен направи брејк и ја зачува предноста за водство од 1-0.
Американецот потоа го доби вториот сет без загубен гем, додека во третиот сет, со три брејка и по втората меч-топка, избори место меѓу осумте најдобри на турнирот во Мелбурн.
Тиен во четвртфиналето ќе игра против третиот носител Александар Зверев од Германија.
